Дали е подобро да си мрзелив или вреден? („Силјан Штркот“-Марко Цепенков)


Силјан Штркот е лектира во која се зборува за главниот лик Силјан. Тој е многу мрзелив, но по низа настани кои му се случуваат тој учи да биде по вреден и да му помага на семејството. Во овој блог јас ќе поставам свој став за тоа дали сметам да е поубаво да си мрзелив или вреден.

               Според мене подобро е да си вреден. Има неколку причини за тоа зошто јас мислам вака. Првата причина е тоа што во реалниот свет, освен ако доаѓаш од доста богато семејство, не може се да ти е дадено. Треба да се трудиш и да учиш во сите делови од твојот живот, а кога да пораснеш да можеш да најдеш работа и да заработиш пари, истовремено и да го чуваш твоето семејство. Секако не треба да се преоптеретиш со работа, но колку повеќе се трудиш, учиш во областа во која сакаш да работиш(или веќе работиш) ќе имаш многу поголем успех.

               Втората причина е дека според некои факти, ако си мрзелив трошиш повеќе време од твојот ден. Ќе дадам еден пример за оваа втора причина која е научно докажана. Во една болница во Канада, истражувачите откриле дека кога вработените се искачиле по скалите, а не земале лифт, секој вработен заштедил во просек 15 минути од нивниот работен ден - има смисла со оглед на износот на времето поминато на чекање за лифтот и чекање на луѓето да се симне.

               Третата причина е дека по некој начин ако си мрзелив може да и наштетиш и на животната средина. Ова звучи многу чудно, но е целосно научно докажано. Како човек што сакам да ја спасам животната средина ова ми пречи. И оваа причина ќе го објаснам преку пример. Повеќето американски држави имаат обемни програми за рециклирање. Сепак, илјадници мрзливи Американци се уште ја фрлаат својата пластика во ѓубрето, генерирајќи околу 251 милиони тони ѓубре во 2012 година. И стапката на рециклирање? Само 4,5%. Пластиката е многу штетна за животната средина, на копно и во море. Истовремено, при горење на сето тоа ѓубре во атмосферата се испуштаат многу штетни гасови како јаглерод диоксид, јаглерод моноксид, сулфур диоксид и др. Кои го забрзуваат глобалното затоплување.

               Се надевам дека научивте нешто ново од овој блог, и дека со знаење на овие факти ќе започнете да бидете повредни. Благодарам на вниманието.

Comments

Popular posts from this blog

„Шагринска кожа“-Оноре Де Балзак (анализа на лик)

„Илијада“-Хомер

„Повикот на дивината“-Џек Лондон (анализа на лик)