„Антигона“-Софокле (анализа на лик)
„Антигона“ е една од попознатите драми на
Софокле. Во драмата се сретнуваме со повеќе ликови од кои главен е Антигона. Од
древноста до денес, ретко женскиот лик е главен и носител на насловот на
делото. Едно од ретките е токму „Антигона“ на Софокле. Иако главните одлуки ги
носи Креон, царот на Теба, Антигона сепак има неколку предности.
Антигона е ќерка на
царот Едип. Таа има двајца браќа и една сестра, од кои едниот брат е предавник
во очите на Креон, а и сите други во Теба. Откога двајцата браќа се убиле во
борба, помалиот брат Етеокле бил погребан со сите почести додека постариот брат
Полиник бил оставен на птиците. Антигона е толку чесна, достоинствена и
посветена што не може да го остави својот брат на мршојадците. Таа решава да го
погреба, знаејќи дека ова ќе и го чини животот. Таа знае дека ако го погреба се
веќе ќе биде готово, љубовта кон свршеникот Хемон, нејзините желби, како и
заповедта на Креон. Но таа знае дека ако не го погреба својот брат, нема да
може мирно да живее, како и нема да може мирно да умре. За неа е поважно да го
зачува нејзиното, но и достоинството на нејзиниот брат.
Антигона е многу цврст,
храбар, чесен и достоинствен лик. Таа иако знаејќи дека го ризикува својот
живот, не можеше да го остави својот брат. Нејзината постапка ја прави една од
најпожртвуваните ликови во литературата, и нејзините постапки ја прават
поцврста и подостоинствена од мажите.
Comments
Post a Comment