„Чорбаџи Теодос“-Васил Иљоски (Анализа на лик)
Ликовите
во лектирата „Чорбаџи Теодос“ се доста различни. Некои се богати,
некои се сиромашни, некои се лути и страшни, додека други се смирени. Секако од
самата книга можеме да добиеме претстава за тоа какви се секои од овие ликови,
но јас сепак ќе раскажам еден лик детално. Во текстот подолу е извршена анализа
на ликот Кева.
Кева е жена на чорбаџи
Теодос. Таа битребало да живее убаво, богатно, лагодно, во други зборови
раскошно. За жал нејзиниот живот воопшто не е таков. Кева е потчинета на
чорбаџи Теодос. Таа цело време работи за да му угоди на домаќинот. Таа се плаши
од својот сопруг. Се плаши од неговите бурни реакции кога го губи својот
темперамент. Теодос се лути за најмали ситници, па дури и тие да не зависат од
луѓето околу него. Поради сите овие причини Кева исто така се плаши да се
спротивстави на својот сопруг. Тој смета дека се што ќе каже е во право, а бог
да го прости тој што пробал да му се спротивстави на чорбаџијата. Безразлика на
нејзиниот не толку среќен живот Кева е трпелива, смирена и многу љубезна. Таа
кон своите слуги, како и со други се однесува многу добро, со многу трпение за
разлика на нејзиниот сопруг.
Кева е жена со големо
срце, и иако нема многу убав и среќен живот, нејзиното присуство секогаш добро
влијае на луѓето околу неа.
Comments
Post a Comment