Виена-Шембрун (Репортажа)


Виена е главниот град на Австрија кој држи многу приказни од историјата, култура и архитектура. Градот Виена е дел од многу историски настани како и историски лица, и во нивен спомен низ цел град се направени музеи и други спомени. Еден од овие спомени е музејот „Сиси“, музеј посветен на австроунгарската кралица Елизабета.

               Музејот „Сиси“ е направен баш во дворецот на самата кралица. За мене градбата беше најистакната од другите згради до неа. Уште кога влегов во самиот двор се чувствував како да сум влегла во друг различен културен свет. Од самата архитектура на зградата до фонтаните и спомениците кои се наоѓаа пред неа. Музејот однадвор беше многу убав, но јас се восхитував на се што беше поставено во многубројните соби на дворецот. Отпрвин се влегува во еден долг ходник, каде се зема едно телефонче, и при влегување во секоја соба се стиска број и ти е објаснето за се што се наоѓа во таа соба. Внатре во музејот се забележуваше дека се зачувани самите слики, и предмети кои ги поседуваа кралицата и нејзиното семејство. Јас бев многу среќна што го видов сето ова, но незнаев дека има уште многу да видам. Позади дворецот имаше еден огромен двор, исполнет со цвеќиња, дрвја, лавиринти, фонтани и др. Убавината на паркот беше неверојатна. Се беше зелено, цвеќињата беа во најсветлите бои, а некои птици дури и пееа. Се беше многу убаво, и најискрено, сите паркови, споменици и други работи во Скопја, па макар и Македонија неможат никако да се натпреваруваат со овој магестичен дворец.

               Шембрун не е само убава туристичка атракција, туку е и културно и историско место од кое може многу да се научи. Јас строго препорачувам ова место да се посети доколку се може.

Comments

Popular posts from this blog

„Шагринска кожа“-Оноре Де Балзак (анализа на лик)

„Илијада“-Хомер

„Повикот на дивината“-Џек Лондон (анализа на лик)