„Сердарот“-Глигор Прличев
„Сердарот“ од Глигор Прличев e историска поема, балада во која се зборува за Македоската борба против
Гегите. Главните ликови во книгата се Кузман, неговата мајка Неда и Гегите.
Кузман е пишан како јунак, херој во поемата додека Гегите се противниците.
Неда е мајката на
Кузман. Таа е многу горда со својот син кој се бори за слободата на својата
татковина, но истовремено е и загрижена да не го убијат или да не се повреди.
Неда е многу љубезна и мила, таа се грижи самостојно за нејзиниот дом, како што
и се грижи за својот син. Неда самата
може да се виде како водач со тоа што го има истиот храбар дух како и нејзиниот
син. На друга страна таа е многу осамена и чувстителна. Најтажен и Најстрашен
момент во нејзиниот живот е кога нејзиниот син Кузман да почине, но таа гордо
ја прифаќа смртта на својот син, поради тоа што тој загинал борејќи се за
татковината и македонскиот народ. Смртта на Кузман е момент кој таа никогаш не
би помислила дека ќе го преживее. Неда не мисли само за неа или за нејзиниот
син, туку и за македонскиот народ кој е оставен незаштитен и кој треба да
превземе дел од таа болка. Глигор Прличев ја опишал Неда според својата мајка
со тоа што се опишани нејзини карактеристики.
Кузман е јунакот во
поемата. Тој е загинат уште на
почотокот од поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањата на другите
ликови, ретроспективно (преку навраќања). Кузман има јуначки дух како и почит
за македонскиот народ. Тој е силен и храбар во борбите против Гегите и ги
заштитува другите борци во “војната“. Кузман има почит и од непријателите
(Гегите) со тоа што кога почина тие со
сите почести го однесоа кај мајка му Неда. Тој е заштитник на народот и својот
живот го жртвува за доброто на македонскиот народ. И кај него се гледаат обичните
човечки особини како што се љубовта и почитта кон мајка му Неда, како и љубовта
кон девојката Марија со која сакал да го минува животот и да создаде семејство.
Гегите во поемата се негативни ликови, но тоа не значи дека немаат и позитивна
страна. Тие се противникот во „Сердарот“. Гегите се Албанско племе кое го
тероризирало Македонскотот население и македонскиот народ. Тие се пљачкаши,
немилосрдни, убијци, лоши, ги палеле куќите на македонскиот народ, но и тие ги
носат возвишените атрибути на чесност. Носејќи го со сите почести мртвото тело
на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и жедно за
одмазда население. Тие и самите борци, имаат респект кон борецот. Гегите така ја покажуваат својата човечност. Особено
се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената
мајка Неда, величајќи го неговиот смртен непријател.
„Сердарот“ има врвни
уметнички квалитети. Поемата е обединување на фолклорот, Хомеровиот стил и
сопствената силна уметничка дарба на Глигор Прличев. Богатството на јазикот,
стилските изразни средства, силината на претставувањето на ликовите,
фабуларниот тек (со ретроспективни навраќања) ја ставаат оваа творба на
највисоко место во периодот на Романтизмот, но и денеска.
Comments
Post a Comment