„Илијада“-Хомер


Илијада е книга во која се зборува за последните денови на Тројанската Војна. Илијадата е еп кој е напишан од страна на Хомер, и е историски “доказ“ за што се случувало пред илјадници години.Во Илијадата имаме повеќе лика, но најважни се Ахил, Агамемнон, Хектор, Патрокло...

                Илијадата започнува со кавгата помеѓу Ахил и Агамемнон за робинки. Ахил е навреден за тоа што Агамемнон му ја земал неговата робинка, затоа тој се жали на својата мајка Тетида која бара помош од Зевс. Тогаш Зевс му се појавува во сон на Агамемнон и го подбуцнува да војува.

               Боговите почнале да се вмешуваат во Тројанската војна, тие застанале од страна на Тројанците. Во тој период Тројанската војска напредувала и успеала да заземе голем дел од Ахајската територија.

               Ахил нeсакајќи да војува го испраќа неговиот добар пријател Патрокло да војува место него. Тогаш Хектор мисли дека Патрокло е Ахил и го убива. Ахил дознава за оваа лоша вест и се враќа во војна заколнувајќи се дека ќе го освети неговиот најдобар пријател.

               Од кога да умрат и Ахил и Хектор војната сеуште не е завршена. Војната завршува дури кога итриот Одисеј со Тројанскиот Коњ успеал да ги залаже Тројанците за Ахајците да победат. Ова е крајот на Тројанската војна.

Comments

Popular posts from this blog

„Шагринска кожа“-Оноре Де Балзак (анализа на лик)

„Повикот на дивината“-Џек Лондон (анализа на лик)