„Времеплов“-Х.Џ.Велс (самооценување)


    За ова лектирно дело имавме групна задача во која требаше да се пополни табела и во неа да се напишат настаните, судирите, ликовите и чувствата кои ги имало во овој роман. Мојата задача беше да ги објаснам првите четири глави и да ги напишам ликовите со нивните основни карактеристики во секоја од главите.
    Најпрво се договоривме во групата кој што ќе пишува а потоа почнавме со работа. Јас мислам дека бев многу активна во работата на групата и навреме го завршив својот дел. Ги објаснив првите четири глави а потоа ги напишав ликовите на сите дванаесет глави. Сепак јас само ги напишаав основните карактеристики на ликовите и само кога имаше нов лик јас него го објаснував во другата глава. На пример Времепловецот го опишав само во првата глава а не во сите. Мислам дека во тоа направив многу голема грешка, но сепак сум задоволна од се што напишав. Исто така неколку пати детално ја прочитав лектирата за да ги најдам сите ликови од лектирата. Јас сум многу задоволна од тоа што го напишав и мислам дека вложив многу труд во нашата групна работа. Ова е се што можам да кажам за мене, а ако веќе мислам на групата мислам дека од мојата група најнеактивен беше Матеј Гигевски и мислам дека не е фер тоа што не си ја заврши задачата. Јас ги раскажав неговите глави, а Ивана Џатевска ги напиша чувствата.
    Тоа е се што можам да кажам, а ако веќе се самооценувам би си дала петка. Што се однесува до мојата група јас сум многу задоволна од мојата и работата на Ивана. Секако Матеј не ја заслужува групната оцена, но во тоа јас неможам ништо да сменам. Тој секако ќе си ја добие оцената но нема да ја заслужува. 
     

Comments

  1. Навистина убаво смислено и добро напишано.

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

„Шагринска кожа“-Оноре Де Балзак (анализа на лик)

„Илијада“-Хомер

„Повикот на дивината“-Џек Лондон (анализа на лик)