Дали времето во кое живеам е најдоброто време за мојата генерација?

Секоја генерација има свој успех, но исто така има и своја тежина и незадоволство. Јас мислам дека времето во кое што живеам е лошо за младите од мојата генерација. Мислам дека напредната технологија лошо влијае на оваа генерација.
 Напредната технологија, секако во некој дел е добра, но во некој и лоша. Децата или младите од мојата генерација повеќе се поврзани со социјалните мрежи како facebook, snapchat и др. отколку со учење или барем да излезат надвор.
               Секако има и добри работи за напредната технологија. Преку програмирање или други работи можат да се заработуваат пари, може преку skype да се слушнеш или да се видиш со роднина или другар кој живее во друга држава бесплатно. Веќе не треба да се праќаат физички писма и да се чека да стигнат поради тоа што  има електронска пошта.
               Мојата генерација е поврзана со интернет. Има многу училишни задачи поврзани со интернет, повеќето наставници домашните задачи ги даваат на facebook или на нивни креирани веб сајтови. Ова мене не ми се допаѓа. Има многу причини зошто не ми се допаѓа, но првата причина е тоа што ако некој деца немаат интернет или смартфон или некој таков уред ќе има пониска оценка.
               Милениумската генерација е напредна генерација. Понекогаш може лошо да влијае новата и напредна технологија. Младите од мојата генерација не живеат во идеално време, но во се може да се најди нешто позитивно.


Comments

  1. Ми се допаѓа твојот состав и се согласувам со сеé што си напишала.

    ReplyDelete
  2. Го делам твоето мислење дека во се има и нешто добро и нешто лошо но, сметам дека твојот состав не го одговара горе-наведеното прашање. Доколку би била поспецифична би била и поубедлива сепак, убаво напишано.

    ReplyDelete
  3. Јас до пола се согласувам со тебе но, сепак не е се во технологијата. Освен таа, сега секако имаме подобри услови за живот и рамноправност.

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

„Шагринска кожа“-Оноре Де Балзак (анализа на лик)

„Илијада“-Хомер

„Повикот на дивината“-Џек Лондон (анализа на лик)