Posts

„Бескрајна приказна“-Михаил Енде (развој на дејство)

Во книгата на Михаил Енде „Бескрајна приказна“ се зборува за едно младо момче Бастијан и за неговите авантури кои ги доживува со една книга. Ова дело можеме да го објасниме со петте делови на развојот на дејството. Започнуваме со првиот дел, експозицијата. Делото започнува со главниот лик Бастијан кој многу сака да чита книги, поради ова многу деца во училиште го исмејуваат и го тепаат. Еден ден додека тој бега од други деца кој сакаат да го натепаат, влегува и се крие во антикварница. Бастијан се запознава со сопственикот и се заинтересира за книгата која сопственикот ја чита. Бастијан се распрашува за книгата, но сопственикот вели дека книгата не е за него и дека тој нема да ја разбери. Телефонот заѕвонува и сопственикот оди да види кој ѕвони. Бастијан решава да ја земи книгата. Излегува од антикварницата со неа и почнува да трча. Вториот дел е заплетот. Во заплетот се запознаваме со главниот лик Атреј од книгата кој ја чита Бастијан. Атреј треба да ја спаси кралицата на кр...

„Антигона“-Софокле (анализа на лик)

               „Антигона“ е една од попознатите драми на Софокле. Во драмата се сретнуваме со повеќе ликови од кои главен е Антигона. Од древноста до денес, ретко женскиот лик е главен и носител на насловот на делото. Едно од ретките е токму „Антигона“ на Софокле. Иако главните одлуки ги носи Креон, царот на Теба, Антигона сепак има неколку предности.                Антигона е ќерка на царот Едип. Таа има двајца браќа и една сестра, од кои едниот брат е предавник во очите на Креон, а и сите други во Теба. Откога двајцата браќа се убиле во борба, помалиот брат Етеокле бил погребан со сите почести додека постариот брат Полиник бил оставен на птиците. Антигона е толку чесна, достоинствена и посветена што не може да го остави својот брат на мршојадците. Таа решава да го погреба, знаејќи дека ова ќе и го чини животот. Таа знае дека ако го погреба се...

„Чорбаџи Теодос“-Васил Иљоски (Анализа на лик)

               Ликовите во лектирата „ Чорбаџи Теодос “ се доста различни. Некои се богати, некои се сиромашни, некои се лути и страшни, додека други се смирени. Секако од самата книга можеме да добиеме претстава за тоа какви се секои од овие ликови, но јас сепак ќе раскажам еден лик детално. Во текстот подолу е извршена анализа на ликот Кева.                Кева е жена на чорбаџи Теодос. Таа битребало да живее убаво, богатно, лагодно, во други зборови раскошно. За жал нејзиниот живот воопшто не е таков. Кева е потчинета на чорбаџи Теодос. Таа цело време работи за да му угоди на домаќинот. Таа се плаши од својот сопруг. Се плаши од неговите бурни реакции кога го губи својот темперамент. Теодос се лути за најмали ситници, па дури и тие да не зависат од луѓето околу него. Поради сите овие причини Кева исто така се плаши да се спротивстави на с...

Дали е подобро да си мрзелив или вреден? („Силјан Штркот“-Марко Цепенков)

Силјан Штркот е лектира во која се зборува за главниот лик Силјан. Тој е многу мрзелив, но по низа настани кои му се случуваат тој учи да биде по вреден и да му помага на семејството. Во овој блог јас ќе поставам свој став за тоа дали сметам да е поубаво да си мрзелив или вреден.                Според мене подобро е да си вреден. Има неколку причини за тоа зошто јас мислам вака. Првата причина е тоа што во реалниот свет, освен ако доаѓаш од доста богато семејство, не може се да ти е дадено. Треба да се трудиш и да учиш во сите делови од твојот живот, а кога да пораснеш да можеш да најдеш работа и да заработиш пари, истовремено и да го чуваш твоето семејство. Секако не треба да се преоптеретиш со работа, но колку повеќе се трудиш, учиш во областа во која сакаш да работиш(или веќе работиш) ќе имаш многу поголем успех.                Втората ...

Виена-Шембрун (Репортажа)

Виена е главниот град на Австрија кој држи многу приказни од историјата, култура и архитектура. Градот Виена е дел од многу историски настани како и историски лица, и во нивен спомен низ цел град се направени музеи и други спомени. Еден од овие спомени е музејот „Сиси“, музеј посветен на австроунгарската кралица Елизабета.                Музејот „Сиси“ е направен баш во дворецот на самата кралица. За мене градбата беше најистакната од другите згради до неа. Уште кога влегов во самиот двор се чувствував како да сум влегла во друг различен културен свет. Од самата архитектура на зградата до фонтаните и спомениците кои се наоѓаа пред неа. Музејот однадвор беше многу убав, но јас се восхитував на се што беше поставено во многубројните соби на дворецот. Отпрвин се влегува во еден долг ходник, каде се зема едно телефонче, и при влегување во секоја соба се стиска број и ти е објаснето за се што се наоѓа во таа соба. В...

„Галебот Џонатан Ливингстон“- Ричард Бах

Без труд не се ора со плуг . Оваа македонска народна поговорка на што ве асоцира? Дали оваа поговорка може да биде поставена како заклучок или идеја на некое дело? Оваа поговорка можеме лесно да ја објасниме преку едно дело наречено „Галебот Џонатан Ливингстон“ од Р.Бах. Ова дело е доста поучно, и често се случува помладите не од првото читање да ја разберат идејата. Во книгава главниот лик Џонатан кој е галеб, го надградува својот став, своето мислење, а најважно тој разбира дека не секогаш треба да се прави тоа што другите ќе ти го кажат. Другите галеби очекуваат Џонатан да се однесува исто како нив, да се разбуди од сон, да фати риба за да јаде, и да се врати таму кадешто живее. Но Џонатан е различен од другите. Тој сака да лета. Џонатан упорно пробува да се качи на големи височини и да постигне голема брзина. Секако неговите први обиди не успеваат. Меѓу првите обиди тој за малце и умира, но тој не дозволува тоа да го спречи да прави тоа што сака. После многу обиди, после цели...

„Шагринска кожа“-Оноре Де Балзак (анализа на лик)

Во романот „Шагринска кожа“ се зборува за вљубениот Рафаел Де Валентин. Тој наоѓа шагринска кожа која му ги исполнува сите желби, но со тоа при секоја желба кожата се намалува. Кога кожата да исчезна Рафаел ќе уми, знаејќи го ова тој се труди да не пожелува многу, но во тоа не успева.                Рафаел е динамичен лик со тоа што низ романот му се менуваат карактеристиките и особините. Тој како личност би бил алчен, безљубовен и депресивен. Тој низ романот има конфликти со самиот себе и се прави за да ги исполни своите алчни желби. Рафаел живее во 18 век, во времето кога посиромашното население нема никакви права, за разлика од сега, селаните имаат исти права како и другите граѓани, технологијата е понапредна и сл. Рафаел госоживејуваме како изгубена личност, како што и е гледан како опсесивна и бедна личност којапробува да се докаже пред сите. Тој се гледа како некоја важна личост која мисли дека е во цента...