„Повикот на дивината“-Џек Лондон (анализа на лик)


Во „Повикот на дивината“ од Џек Лондон се зборува за едно куче Бак кој поминува безброј авантури. Бак е главниот лик на книгата, и заедно со други ликови ги пребродува сите тешкотии. Него ние го гледаме како човек, а не како куче, со тоа што исто како и луѓето, Бак учеше и со време подобро го разбираше светот околу себе.

               Првата авантура на Бак започнува кога него го киднапираат. Бак е динамичен лик, кој цело време ги следи своите инстинкти и се би направил за да докаже дека е во право. Тој како личност би бил мудар, храбар, снаодлив и др. Тој прво беше миленик на богата фарма, после киднапирањето е тепан, повреден и завршува да влече санки по тенок мраз. Бак живее во многу поразлично општество од нашето, со тоа што кучињата се мачени, малтретирани и оставени на многу тешки услови. Бак успева да се пронајде себеси, и завршува да биде водач на глутница.

               Бак ни кажува и покажува како некоја личност може да се пронајде себеси, како и што ни кажува дека ќе се поминат сите тешкотии и дека има успех во се.

Comments

Popular posts from this blog

„Шагринска кожа“-Оноре Де Балзак (анализа на лик)

„Илијада“-Хомер