Дали е подобро да си мрзелив или вреден? („Силјан Штркот“-Марко Цепенков)
Силјан Штркот е лектира во која се зборува за главниот лик Силјан. Тој е многу мрзелив, но по низа настани кои му се случуваат тој учи да биде по вреден и да му помага на семејството. Во овој блог јас ќе поставам свој став за тоа дали сметам да е поубаво да си мрзелив или вреден. Според мене подобро е да си вреден. Има неколку причини за тоа зошто јас мислам вака. Првата причина е тоа што во реалниот свет, освен ако доаѓаш од доста богато семејство, не може се да ти е дадено. Треба да се трудиш и да учиш во сите делови од твојот живот, а кога да пораснеш да можеш да најдеш работа и да заработиш пари, истовремено и да го чуваш твоето семејство. Секако не треба да се преоптеретиш со работа, но колку повеќе се трудиш, учиш во областа во која сакаш да работиш(или веќе работиш) ќе имаш многу поголем успех. Втората ...