Posts

Showing posts from October, 2017

„Сердарот“-Глигор Прличев

„Сердарот“ од Глигор Прличев e историска поема, балада во која се зборува за Македоската борба против Гегите. Главните ликови во книгата се Кузман, неговата мајка Неда и Гегите. Кузман е пишан како јунак, херој во поемата додека Гегите се противниците.                Неда е мајката на Кузман. Таа е многу горда со својот син кој се бори за слободата на својата татковина, но истовремено е и загрижена да не го убијат или да не се повреди. Неда е многу љубезна и мила, таа се грижи самостојно за нејзиниот дом, како што и се грижи за својот син.   Неда самата може да се виде како водач со тоа што го има истиот храбар дух како и нејзиниот син. На друга страна таа е многу осамена и чувстителна. Најтажен и Најстрашен момент во нејзиниот живот е кога нејзиниот син Кузман да почине, но таа гордо ја прифаќа смртта на својот син, поради тоа што тој загинал борејќи се за татковината и македонскиот народ. Смртта на Кузма...

„Илијада“-Хомер

Илијада е книга во која се зборува за последните денови на Тројанската Војна. Илијадата е еп кој е напишан од страна на Хомер, и е историски “доказ“ за што се случувало пред илјадници години.Во Илијадата имаме повеќе лика, но најважни се Ахил, Агамемнон, Хектор, Патрокло...                 Илијадата започнува со кавгата помеѓу Ахил и Агамемнон за робинки. Ахил е навреден за тоа што Агамемнон му ја земал неговата робинка, затоа тој се жали на својата мајка Тетида која бара помош од Зевс. Тогаш Зевс му се појавува во сон на Агамемнон и го подбуцнува да војува.                Боговите почнале да се вмешуваат во Тројанската војна, тие застанале од страна на Тројанците. Во тој период Тројанската војска напредувала и успеала да заземе голем дел од Ахајската територија.            ...